
Од мобилниот оператор Верајзон се бара на дневна база да испраќа податоци до Националната агенција за безбедност за сите телефонски повици во својот систем.
Националната агенција за безбедност на САД тајно ги собира сите податоци за телефонските повици од милиони американци кои ги користат услугите на мобилниот оператор Верајзон, ексклузивно објавува британскиот Гардијан.
Според информациите од агенцијата се собираат податоци за телефонските комуникации на милиони американци без разлика дали се осомничени за некое кривично дело или не.
ФБИ на 25 април добива дозвола од американскиот федерален суд неограничено да собира податоци во период од 3 месеци, што би требало да заврши 19 јули.
Гардијан наведува дека Верајзон ги доставува на ФБИ телефонските броеви од двајцата корисници кои разговарале, нивната локација во моментот на разговор, траењето на повикот и единствените идентификациони броеви.
Гардијан потсетува дека за време на владеењето на Џорџ Буш оваа практика била доста користена, но до сега немало податоци дека и администрацијата на Обама ја користи.
Во одлуката на судот на Верајзон му било забрането јавно било што да соопшти за постоењето на наредба за прислушкување од страна на ФБИ. Како заклучок се вели дека не е познато дали само операторот Верајзон има обврска да доставува податоци.
