
Доколку сте жена со тетоважа најверојатно ќе спиете со мажот уште на првиот состанок, така барем тврди еден професор од Франција. Професорот после студијата спроведена на плажите во Англија помеѓу 2008 и 2009 година, открил дека мажите ги сметаат жените со тетоважи за промискуитетни, поатрактивни и мислат дека е полесно да пријдеш на ваква жена.
Единаесет девојки кои се избрани како најатрактивни во групата од вкупно 58, ја посетиле плажата 20 пати во текот на летото – а половина од тие посети биле со привремена тетоважа. Кога жените ќе се појавеле на плажа со тетоважа мажите биле спремни да им пријдат и да започнат разговор и на тоа се решавале многу побрзо отколку во моментите кога истите девојки ќе се појавеле на плажа но без тетоважа.
Ова покажува дека мажите сметаат дека жените со тетоважа се отворени и подостапни и дека најверојатно ќе спијат со нив без многу молење…
