
Решивме да го споделиме видеото со вас, бидејќи техниката која девојката ја применува е многу прецизна и резултатот е благо прелевање на 3 бои.
Нема да ве лажеме – не е лесно да го постигнете овој ефект во домашни услови и дефинитивно не ви препорачуваме да го правите сами. Најдобро е да се соберете со пријателките и да си направите женска “омбре“ забава.
За целта ви се потребни 3 бои за коса. Одличен резултат се постигнува со нијансите: кафеава, светло кафеава и плава. Ќе ви требаат 3 садови за боите и 3 различни четки со кои ќе ги нанесувате боите. Потребни ви се уште ракавици, алуминиумска фолија, чешел за тапирање, шноли…И можете да почнете.
А како точно да ги нанесете боите ќе разберете најдобро од видеото што сме ви го подготвиле: