
Ќе споделиме со вас еден текст кој дава една поразлична перспектива за тоа какви се успешните луѓе. Или можеби не! Но едно е сигурно – текстот ни напоменува дека успешни и среќни не се оние кои немаат проблеми. Тоа се оние кои решаваат да бидат такви и покрај проблемите…
“Тој се движеше по магистралата со 100км/ч и се се случи за миг. Нешто настрана му го привлече погледот и кога повторно погледна пред себе имаше само секунда за да реагира.
Беше премногу касно.
…
Следното што го виде беше како се буди на болнички кревет со ужасна болка, без да може да помрдне, без да смее да дише. Но тој откажа да се предаде. Се избори, му се врати на животот и продолжи со кариерата. Тогаш го претрпе следниот силен удар – доживеа авионска несреќа од што засекогаш остана парализиран од половината надолу.
Во животот на секој еден од нас настапува моментот на судбоносен предизвик – момент во кој се тестираат сите ресурси со кои располагаме. Момент во кој животот ни изгледа неправеден. Момент во кој верата, вредностите, трпението, сочувството, способноста да преживееме, се доведени до крајна граница, дури и подалеку.
Некои ги користат ваквите тестови како шанса да станат подобри, други дозволуваат на овие ситуации да им го уништат животот.
Ќе споделиме со вас уште една човечка судбина за да може да ги согледате разликите помеѓу двајцата.
Тој е безобразно богат, крајно талентиран актер, со огромна толпа фанови. На 22 години станува најмладиот член на славната театарска група Секнд Сити, Чикаго.
…
Станува еден од најпопуларните ТВ ѕвезди на 70-те години, после еден од најпознатите национални филмски ѕвезди. Се пренасочува кон музиката каде го ужива истиот огромен успех. Изгледа како да има се што човек би можел да посака.
Кој од овие двајца би сакале да бидете? Тешко е да предпоставиме дека некој би ја избрал судбината на првиот. Но почекајте да слушнете уште нешто за нив двајцата.
Првиот е еден од најенегичните, силни и успешни луѓе, кои ги познавам. Името му е У. Мичел и тој е жив, со добро здравје и живее во Колорадо.
После ужасната несреќа со моторот, тој доживува многу повеќе успех и среќа отколку што повеќето луѓе ќе постигнат за целиот свој живот. Тој создава неверојатни пријателства со некои од највлијателните луѓе во Америка.
Стана милионер. Дури се кандидираше за член во Конгресот, независно од фактот, што лицето му беше унакажано. Слоганот за неговата кампања беше: “Испратете ме во Конгресот и ќе видите дека не сум само едно убаво лице“.
Сите вие веројатно сте слушнале за вториот човек…Се вика Џон Белуши. Белуши можеше да донесе радост во животите на многу луѓе, но не и во својот. Кога на 33 години умре од труење со кокаин и хероин малкумина од оние кои го познаваа беа изненадени. Човекот кој имаше се беше станал безволен, без контрола, предвремено остарен наркоман.
Сега ве прашувам каква е разликата помеѓу оние кои имаат и оние кои немаат? Каква е разликата помеѓу оние кои можат и оние кои неможат? Каква е разликата помеѓу оние кои се трудат и оние кои седат со скрстени раце? Зошто некои луѓе надминуваат ужасни несреќи и го претвараат својот живот во триумф, додека други независно од сите предности, го претвараат својот живот во катастрофа?
Луѓето кои успеваат имаат не помалку проблеми од оние кои пропаѓаат. Единствените луѓе без проблеми се оние во гробиштата.
Неуспехот се разликува од успехот не по тоа што ни се случува. Целата разлика се состои во тоа како ние го прифаќаме она што ни се случува и што правиме после.