
Има огромна разлика помеѓу вистинските пријатели и луѓето кои се околу нас поради забава, интереси или само онака, да има со кого да си го губат времето. Но понекогаш е навистина тешко да препознаеш кој од нив е спремен на се за тебе и кој од нив ќе ти забие нож во грб при првата возможност. Затоа видете по што се препознава вистинскиот пријател и ако вашите не ги исполнуваат потребните критериуми, имајте едно на ум…
Вистинскиот пријател никогаш нема да ја злоупотреби твојата доверба. Тој знае да чува тајна. Од него нема да чуеш лош збор и злобни коментари на твоја адреса.
Вистинскиот пријател никогаш нема да те остави во тежок момент. Ќе одговори на повикот во 3 часот наутро иако знае дека ѕвониш само за да си ја излееш маката.
Вистинскиот пријател секогаш ќе биде искрен со тебе. Воопшто нема да се плаши да ти ја каже вистината во очи, дури и кога од неа ќе те заболи.
Вистинскиот пријател ќе те прифати таков каков што си. Ќе ти дава насоки или совети, но нема да се обидува да те промени.
Вистинскиот пријател ќе те подржува. Ако нешто е важно за тебе тој ќе биде твој столб. Тој се радува на твојот успех, не завидува.
Вистинскиот пријател те разбира само со поглед. Ти си многу важен човек за него. Тој се потрудил да те запознае перфектно за да знае кога нешто те мачи и кога си вистински среќен.
Вистинскиот пријател ќе те сослуша. Тој не те прекинува постојано за да го насочи разговорот кон себе.
Вистинскиот пријател не би те жртвувал во името на личните интереси. И никогаш нема да те предаде.
Вистинскиот пријател те цени. Нема да дозволи никој да зборува лошо за тебе во негово присуство.
И вистинскиот пријател прави грешки. Но тој ќе се извини и нема да дозволи гордоста да застане помеѓу вас.
One comment
ana
18 јуни, 2013 at 14:08
znaci vistinski prilatel e samo mojata sestra …. <3