Што зборува вашата профил слика за вас?

popara13 јуни, 20131min00
1

Како што тргнало Фејсбук ќе покрене нова гранка и во областа на психологијата. Една мошне интересна и нова информација е дека профил сликата што ја поставуваме на социјалните мрежи открива голем дел од нашиот карактер. И бидејќи голем дел од корисниците често ја менуваат профил сликата ќе треба да внимавате која од нив најдолго ќе ја задржи.

Портрет

Или сликата каде човекот се гледа до половината. И покрај тоа што овие луѓе се сметаат за малку досадни ваквата фотографија всушност зборува за нивната увереност во убавиот надворешен изглед. Како целина тие се дружељубиви, лесно ги постигнуваат целите и на нив може да се рачуна. Ако сликата е автопортрет мошне веројатно е тој човек да е супер досаден.

Далечна

Со други зборови човекот едвај се гледа на сликата. Обично сликата е направена во природа, до некој споменик или пак во друштво на други луѓе. Изборот на ваква профил слика зборува дека човекот не е особено сигурен во себе и своите квалитети. Можеби има комплекси за својот надворешен изглед. Другата варијанта е дека се работи за срамежлив или повлечен човек. Убавото кај овие луѓе е ако еднаш ја спечалиш нивната доверба ќе ти бидат верни пријатели за цел живот.

Лицето

На оваа фотографија го има само лицето на корисникот. Оваа слика зборува за горделивост и супер висока самодоверба. Овие луѓе сметаат дека знаат се, а останатите се должни да ги слушаат.

Ретро

Ако некој поставил слика од себе си како бебе или мало дете тогаш дефинитивно се работи за човек кој не може да се раздели од минатото. Сака пак да биде дете и да нема грижи и проблеми. Тој е романтична душа. Верува во доброто и љубовта. Во него нема злоба. За жал често пати станува жртва на сопствената наивност.

Миленик

Тука не е важна самата слика туку животното на неа. Мачката зборува за емоционален и ранлив човек. Најверојатно неодамна претрпел големо разочарување во љубовта. Кучето пак е симбол на независност, особено ако профилот е на машка особа. Тој е вистински мачо, кого не може никој да го врти околу малиот прст. Ако девојка поставила слика со куче тогаш си имате работа со отракана и симпатична девојка. Таа може не е барбика, но затоа е многу шармантна и забавна, па затоа нема маж што може да и одолее. Рибите се типични за практични и дистанцирани луѓе. Влечугите зборуваат за луѓе со силно изразена потреба од внимание и протест кон правилата и нормите во општеството. Зајчината се поврзуваат со романтични и мили особи.

Слика од детето

Според психолозите човек кој поставил слика од детето нема никакви други успеси во животот. Ние не сме согласни со омаловажувањето на фактот, дека одгледуваш и воспитуваш наследник. Дури во денешно време тоа е повеќе и од најголемиот професионален успех. Освен тоа ова зборува дека многу го сакаш и се гордееш со своето дете. Затоа според нас овие луѓе се одговорни, луѓе што знаат да сакаат и силни како личност.

Слика од позната личност

Тоа може да е пејач, актер, дури и анимиран херој. Тие не знаат што сакаат од животот и живеат ден за ден. За нив е типично да ги имитираат другите. Се плашат да го изразат своето сопствено мислење и идентитет, затоа избираат да користат веќе проверени од друг манири и фразаи.

Арт слика

Тоа е апстрактна слика со порака или пак со интересно позиционирање на образи или предмети. Повеќе од јасно е дека се работи за супер интелигентен човек кој ја цени уметноста и различното мислење. Но има веројатност да биде и премногу горделив. Ги избира внимателно луѓето со кои комуницира и обично е критечен кон се и сите. Не сака шумни забави, така да со него не се надевајте на луд провод. Но пак за сметка на тоа со часови може да ви зборува филозофии за животот.

Парти слика

Во дискотека или на плажа, тој е насмеан од уво до уво, направил смешна физиономија и дури држи чаша во рака. Тој е боем. Парите не знае да ги чува, има многу пријатели и неговото мото е “Од сон спомени нема“. Со него никогаш не е досадно. Ако пак очекувате сериозна врска со таков човек треба да знаете дека не го бива многу за длабоки и сериозни обврски.