
Бившиот италијански премиер Силвио Берлускони (76) осуден е на 7 години затворска казна поради плаќање секс на тогаш малолетната танчерка наречена Руби. Покрај тоа на медиумскиот магнат и некогаш прв човек на владата на Италија ќе му биде забрането обавување на сите јавни функции до крајот на животот поради што ќе мора да се збогува со политиката.
Процесот кој траеше речиси 2 години почна откако во јавноста се дозна дека Берлускони во својата вила во Милано организира луди журки наречени бунга-бунга каде покрај останатото се носеле атрактивни млади девојки.
Една од нив била и Руби која на времето кога забавите биле организирани имала само 17 години.
