Дојде време засекогаш да се збогувате со акните. Неподносливите проблеми кои ве измачуваат уште од пубертетот најпосле можете успешно да ги решите со помош на масло од лаванда.
Решението е благотворното растение кое го користиме често како освежувач на просторот и облеката или како свадбен украс на ревер. Станува збор за лаванда чие масло може да ви помогне да се ослободите од акните засекогаш.
Маслото од лаванда е мошне полезно за многу работи, но воедно е и еден од најдобрите начини за елиминација на акните бидејќи без воопшто да се плашите можете дирекно да го нанесете на лицето.
За тоа колку лавандата е полезна покажале многу истражувања. Таа не само што ги отстранува акните од лицето туку и ги елиминира симптомите кои се јавуваат после овој проблем како што се црвенило и лузни.
Постапката на користрње е мошне едноставна. Натопете стерилна газа во неколку слоја во маслото и поставете ја на делот од лицето зафатен со акни. Оставете да стои најмалку 30 минути, не се мие, и се повторува процедурата 3 пати седмично до потополно излекување.