Потврден доживотниот затвор на најголемиот терорист на сите времиња: Шакал

popara27 јуни, 20131min00
8

Во терористичките напади кои му се препишуваат на негов грб животот го изгубиле 11 луѓе, а околу 150 души биле повредени.

Судот во Франција ја потврди доживотната затворска казна за Карлос Шакал, некогаш еден од најбараните милитанти и платеници во светот, кој поднел жалба на таа пресуда, доделена поради низа бомбашки напади во Франција пред 30 години.

Карлос негирал било какво учество во тие напади и изјавил дека доказите против него добиени од службите се неверојодостојни.

Тој пред судот изјавил дека тоа се фалсификувани докази нарекувајќи ги државните органи манипулатори во служба на странските сили и го обвинува францускиот судски систем под изговор дека се агенти на америчката амбасада. “Ние не сме терористи, ние сме војници“ изјавил пред судот Карлос, облечен во фармерки и кожена јакна.

Се верува дека бомбашките напади во 1982 и 1983 се извршени како одмазда поради апсењето на двајца припадници од групата на Карлос со подршка на источногерманската тајна полиција.

Карлос изминативе години во бројни наврати сам се нарекуваше “професионален револуционер“ и превзеде одговорност за учество во десетици напади каде повеќе од стотина луѓе се убиени. После повеќегодишно бегство од западните тајни служби Карлос конечно е уапсен 1994 во Судан и префрлен во Франција каде три години покасно е обвинет за убиство на член од француската безбедносна служба во Парис 1975.

Покојниот венецуелски лидер Уго Чавез беше голем поклоник на Карлос, опишувајќи го како револуционер кој е неправедно осуден.

karlos šakal, Iljič Ramires Sančes

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma