
Кога мажот го нападнал 12 годишното девојче, таа почнала да вришти. Исплашеното девојче кое молело за помош со својот плач го привлекла вниманието на чопор кучиња скитници кои биле во близина. Кучињата веднаш го нападнале манијакот. Настанот се случил во Авганистан пред само неколку дена.
Девојчето утрото тргнало до кај својата тетка. Во еден момент непознат маж ја нападнал, и ја затворил устата и ја однел на скришно место.
Кога се обидел сексуално да ја нападне, таа почнала да вришти и да моли за помош. Криковите на девојчето го привлекле вниманието на глутницата кучиња скитници кои дотрчале и го нападнале манијакот. Во меѓувреме девојчето успеало да побегне.