
Поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден добил понуда за брак. Руската бивша шпионка Ана Чапман денес преку својот Твитер профил му понудила брак на Сноуден, која во 2010 година е откриена во Њујорк во моментот кога глумела агент за недвижности. Сега е модел и славна особа која очигледно е загреана за Сноуден до таа мера што на својот профил напишала: Сноуден, сакаш ли да се ожениш со мене?. После тоа додала: НСА, дали ќе сакате вие да ги чувате нашите деца?
Ана во моментот кога е разоткриена во САД била депортирана во Русија и од тогаш станува вистинска ѕвезда во својата држава, а имала и свое шоу наречено “Тајната на светот“.
