
Најпопуларната кукла на светот често се наоѓа на удар од страна на феминистичките организации и револтираните родители кои сметаат дека на младите девојчиња куклата им дава нереален и површен поглед во однос на женското тело и дека создава комплекси.
Токму затоа уметникот Николај Лам одлучил да направи кукла според просечните мерки на една 20 годишна девојка од САД и да создаде реална Барби.
Неговата кукла е пониска од оргиналната, има помали гради и не толку тенка половина, а наместо мал задник, новата кукла има убав заоблен задник во стилот на Џеј Ло.
