Решена мистеријата за чудовиштето од Лох Нес?!

popara5 јули, 20131min00
2

Приказните околу чудовиштето од езерото Лох Нес се присутни веќе две столетија, но се вели дека науката има објаснување за легендите за ова митско суштество.

Според новата теорија главниот виновник за создавањето на митот за чудовиштето од Лох Нес е всушност огромна пукнатина скриена под езерото.

Италијанскиот геолог Луиџи Пикарди верува дека пукнатината Големиот Глен е причината за создавањето на оваа мистерија. “Многу последици кои се видливи на површината можат да се поврзат со оваа голема подводна пукнатина“, вели Пикарди.

Постојат многу докази кои одат во прилог на ова тврдење и Пикарди додава дека сведоштвата за наводното појавување на чудовиштето всушност се појавувале во периодот кога имало најголема активност на оваа огромна подводна пукнатина долга 100 метри.

“Знаеме дека во текот на третата деценија од 20-от век активноста на пукнатината го достигнала својот врв, и се што луѓето виделе всушност биле само последици кои подземните земјотреси ги оставале на површината од водата“, вели Пикарди.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma