
Извор близок до Крис Браун изјавил дека откако пејачот го видел последното аматерско видео на Ријана во Инстаграм, само одмавнал со главата и се насмевнал. Во видеото пијаната Ријана танцува на песна на Дрејк, а сите во музичкиот бизнис знаат дека Крис и неговиот колега не се поднесуваат.
Крис веднаш искоментирал дека поп ѕвездата очигледно има потреба од внимание и затоа објавува слични клипчиња. Изворот додава дека Крис се уште ја почитува бившата девојка најмногу поради нејзиниот талент, но смета дека таа е очајна обидувајќи се со вакви клипчиња да го привлече неговото внимание.
“Тој воопшто не ја мрази. Се надева дека таа ќе биде добро и дека еден ден ќе си ја најде среќата“. Независно од вистинските намери на Ријана за ваквото видео, ладната реакција на Крис е уште еден знак дека тој реално веќе нема чувства за неа.