Парис Хилтон изгубила вера во мажите после “домашното видео“

popara6 јули, 20131min00
3

Наскоро Кание Вест изјави дека е порно манијак и дека не се срами од својата секс лента зошто ја направил сам и имал што да покаже пред светот. Но Парис Хилтон од друга страна вели дека воопшто не е среќна откако нејзиниот бивш дечко Рик Саломон го продаде нивното домашно видео. Всушност после таа негова постапка таа изгубила вера во мажите.

“Тоа беше најстрашната работа во мојот живот. И не го направи некој случаен човек, туку мојот дечко со кој бев заедно долго време и го сакав. Тој ми ги уништи моите претстави за се!“, вели богатата наследничка.

“Бев толку повредена и во тотален шок. Ми беше тешко да се доверам на било кој друг, особено не на маж.“

Еротската лента со учеството на Парис се викаше  „1 Night in Paris” и дури се нудеше на ДВД. За разлика од својата екс пријателка Ким Кардашијан, чија кариера почна со таква снимка, наследничката изјави категорично дека никогаш не би искористила такво нешто за слава.

“За мене не е нормално да лансираш такви клипчиња, за да градиш кариера. Мислам дека е жално и одвратно“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *