
Бразилскиот ас на Кориантианс Пато и ќерката на Силвио Берлускони – Барбара, беа уловени од будните папараци како се “стискаат“ на една од популарните плажи на остров Сардинија.
Медиумите во Италија сметаа дека врската помеѓу нив двајца завршила, но тоа очигледно не е точно. 23 годишниот фудбалер е на одмор после долгата сезона и се опушта на остров Сардинија, каде беше виден во друштвото на својата пријателка Барбара.
Пато премина во Коринтиас од италијанскиот Милан, чиј сопственик е таткото на Барбара – бившиот премиер на Италија, Силвиот Берлускони.
