
Памела Андерсон е жена која ја привлекуваат лошите момци. Таа дури успеа да се омажи за тројца од нив – Кид Рок, Томи Ли Џоунс и Рик Саломон. Со последниот бракот и траеше само три месеци, но сепак не оставил толку лоши спомени кај силиконската бомба бидејќи таа повтрно се гледа со професионалниот играч на покер.
Блиски на Андерсон споделуваат дека Пам е многу среќна и се чувствува одлично со Рик, со кој се разведе во 2008 година.
46 годишната ѕвезда споделила дека Рик е најсексапилниот маж во нејзиниот живот.
Рик стана особено популарен поради врската со Парис Хилтон во 2003 година кога се роди и нивното домашно видео што стана достапно за јавноста благодарение на него.