Профуцкал 11.5 милиони евра од лото, а сега работи во фабрика за бисквити

popara9 јули, 20131min00
5

Мајкл Керол (30), од Англија и бивш комунален работник кој во 2002 година на свои 19 години на лотарија ја освоил главната премија од 10 милиони фунти во меѓувреме успеал се да профуцка на “луксуз“ па сега мора да работи во фабрика за бисквити за неделна плата од 250 евра, која во Британија важи за минимална.

Што е најинтересно Керол тврди дека сега откако се преселил во Шкотска и повторно се запослил, е посреќен од периодот кога бил милионер.

После освојувањето на премијата 4 милиони подарил на своето семејство, а останатите пари го потрошил на кокаин, алкохол, комар и проститутки, па во 2010 конечно банкротирал.

Керол вели дека и понатака игра лото, но дека единствено што во последно време добил – е својот живот и враќање во реалноста. Ако повторно освои премија тврди дека најголем дел ќе даде за хуманитарни цели  додека со остатокот од парите би отпатувал во Австралија каде би купил недвижности и би живеел од рента, но на крајот додава:

–      Да не се лажеме, би направил и по некоја журка!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma