Српската православна црква се најде во корупциски скандал со оглед на тоа дека е потврдено за Рашко-Призренската епархија дека за време кога со неа управувал владиката Артемије за изградба на цркви и манастири во Косово проневериле над милион евра со помош на изведувачот “Rade Neimar”.
СПЦ на изведувачите им исплатила 2.057.518 евра, иако е проценета вредноста на услугите на 1.018.283 евра.
Да ве потсетиме дека уште пред 3 години беа поднесени кривични пријави против Симеон Виловски и Предраг Суботиќ, неговиот кум и сопственик на изведувачката фирма “Rade Neimar” која и претходно била ангажирана за обнова на речиси сите цркви и манстири на Косово. Се теретат дека од 2004 до 2010 година злоупотребиле со службената положба и незаконски присвоиле над 350 000 евра.