Петте етапи на пијанството:)))

popara10 јули, 20131min00
1

Стадиум 1: Се чувствуваш паметен!

…И наеднаш стануваш експерт за сите теми познати во вселената. Знаеш дека знаеш се и сакаш да ја споделиш мудроста со сите, кои ќе те слушаат. Во овој стадиум си секогаш во право и се разбира човекот со кој зборуваш е секогаш крив. Спорот навистина е интересен, кога и двајцата учесници во него се паметни!

Стадиум2: Привлечен!

Сваќаш дека си најпривлечниот човек во целиот бар и дека сите се запалени по тебе. Можеш да се приближиш кон сосема непознат, верувајќи дека и тој/таа паднале на твојот шарм и дека сака да стапи во контакт. Не заборавај дека сеуште си паметен и затоа можеш да се расприкажеш за било која тема под Сонцето.

Стадиум 3: Богат!

Кој е најбогатиот тука? Тииии! Нарачуваш пијачки за сите зошто имаш дебел новчаник. Може и да падне некоја кладба, бидејќи сеуште си паметен и очигледно дека ти ќе победиш. Па и не е важно колку ќе вложиш, зошто нели си богат.

Стадиум 4: Безстрашен!

Веќе си готов да се тепаш со сите и со се, особено со оние со кои си се кладел или си спорел, оние што ти контрираат. Тоа е затоа што си недопирлив. Готов си да отидеш кај некоја туѓа девојка, која ти се допаднала, а не е сама и да го предизвикаш дечкото на интелектуален или физички двобој. Или многубој. Не плаши се дека ќе ја изгубиш битката, зошто освен безстрашен, си и паметен, а и побогат и попривлечен од него, да, да!

Стадиум 5: Невидлив!

Последниот стадиум од пијанството. Веќе можеш да правиш што сакаш зошто си невидлив. Танцуваш на маса, за да ги импресионираш само оние кои ти се допаѓаат, зошто другите не те гледаат. Невидлив си за оние кои сакаат да те тепаат. Можеш да одиш среде улица и да пееш на цел глас, зошто никој ни те забележува, ни те слуша, а си и паметен и ги знаеш сите зборови на песната!:)))

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *