
Владата на Србија изрази длабока почит за жртвите од Босна и сочувство за нивните семејства по повод годишнината од нивните маки во Сребреница.
Денес се навршуваат 18 години од влегувањето на српските воени сили во Сребреница, муслиманска енклава во источна Босна која формално била под заштита на UN и каде потоа е извршен геноцид над населението.
Српската влада изразила надеж дека сите народи во БиХ како и во другите држави од бивша Југославија ќе го продолжат процесот на помирување и зајакнување на условите за заеднички живот заснован на равноправност помеѓу нациите и почит кон човековите и малцинските права и слободи, со цел вакво злосторство никогаш повеќе да не се повтори.