Венецуела: Избришете ги Фејсбук профилите, САД ве шпиунира!

popara11 јули, 20131min00
15

Министерката од венецуелската влада, Марија Ирис Варела ги повика денес своите сонародници да ги избришат своите Фејсбук профили за да не бидат мета на шпиунирање од страна на САД.

Таа додала дека жртвите на шпиунажата од страна на “грингосите“ би требало да поднесат тужба и да бараат соодветна компензација, па со тоа да ја доведат владата на САД до банкрот.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во понеделникот го повика бившиот соработник на американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден, да одлучи дали сака да дојде во Каракас.

Foto: Tanjug/AP

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *