Рација во германскиот Телеком поради сомнеж за злоупотреба на пазарот

popara11 јули, 20131min00
3

Германскиот Телеком денес потврди дека кај нив по препорака на Европската комисија е изведена рација поради сомнеж за злоупотреба на пазарните позиции, известуваат германските медиуми, наведувајќи дека Телеком е само една од компаниите кај кои експертите од Европската унија ги претресувале просториите и канцелариите поради сомнеж за формирање картели.

Доколку кај Телеком и останатите компании се утврди злоупотреба им се заканува казна од 10% од годишниот промет, кој кај германскиот Телеком лани беше 58 милјарди евра, се вели во германските медиуми.

Спроведената рација според мислењето на Европската комислија е прв чекор или предупредување за Телеком и сите останати компании кај кои ќе се најдат договори за цени кои ги оштетуваат потрошувачите во однос на интернет сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma