Анастасија Ражнатовиќ (15) позната како ќерката на Цеца национале, односно Светлана Ражнатовиќ се пријавила за учество во музичкото шоу X factor кое во октомври почнува да се прикажува на ТВ Пинк.
Наследничката на Цеца ќе биде една од најсериозните кандидатки не само за влез во финале, но и за победа на шоуто, бидејќи таа освен што убаво пее, многумина кои ја познаваат тврдат дека има невидена харизма и точно тој “икс фактор“ е потребен да се биде ѕвезда.
Цеца во почетокот се двоумела бидејќи Анастасија има обврски во училиште, но од продукцијата ја убедиле да се согласи и да и дозволи на Анастасија да учествува. Јавноста во неколку наврати имаше шанси да се увери во талентот на девојчето, бидејќи таа своите изведби ги поставуваше на социјалните мрежи. Анастасија на својот Фејсбук профил има 179 000 фанови.