Волшебно средство од вашата кујна: За што се може да ви послужи оцетот?

popara12 јули, 20131min00
6

Знаете ли за што се може да ви послужи оцетот?

  1. Непријатни мириси во вашиот автомобил

Мало тегличе со оцет оставено во багажникот од автомобилот преку ноќта ќе ги одстрани сите непријатни мириси.

  1. Коса

Причината за проблемите со твојата коса после капење во базен не е поради многу хлор, туку остатоци од бакар кои стигнале во водата од цевките кои ја спроведуваат. Освен тоа ако имате првут следниов раствор ќе ги реши и тие проблеми: исплакнете ја косата со мешавина од ¼оцет  и ¾ млака вода, после што се измива само со вода, откако ќе оставите 5 минути да делува.

  1. Облека

Белиот оцет е одлично средство за одсранување на флеки од облеката. Додадете еден филџан при плакнење за дополнителен сјај и белина, а ќе го одстрани и наталожениот детергент внатре во машината за перење со што дополнително се решава непријатниот мирис и од машината и од облеката.

  1. Болка

Едно австралиско истражување открило дека оцетната киселина делува благопријатно при убод од инсекти, отоци и сл.

  1. Флеки по рацете

Флеките по рацете од разни производи како храна или фарба лесно ќе ги одстраниш ако после миењето со сапун ги измиеш и со оцет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma