11 годишното момче од Мексико чиј коефициент на интелигенција е спореден со тој на Ајнштајн се јави на интервју во амбасадата на САД, каде ќе одлучи дали да го продолжи своето образование на Харвард.
Експертите го проценуваат коефициентот на интелигенција на Луис Роберто Рамирес на 152-160, што е исто како коефициентот на Ајнштајн.
Малолетниот гениј успеал за 10 седмици да ги заврши подготвителните курсови на еден од колеџите во неговата држава, што му отвара пат кон универзитетско образование.
Сонот на малиот мексиканец е да учи во Харвард каде ќе се посвети на квантната физика.