Гардијан: Сноуден е најлошиот кошмар за САД!

popara14 јули, 20131min00
2

Американската влада би требало да биде на колена и секој ден да се моли ништо лошо да не се случи со Сноуден бидејќи ако нешто се случи со него, сите информации ќе бидат откриени и тоа би можело да биде најлошиот кошмар за Вашингтон, се вели во статијата објавена во Гардијан.

Сноуден има доволно информации за да нанесе штета на американската влада за само една минута, повеќе од било кој друг човек порано – изјавил Глен Гринвалд за аргентинскиот дневник Насион.

Гринвалд е првиот што објави во Гардијан текстови базирани на тајни документи за американската програма за прислушкување и следење на електронската комуникација, кои беа обелоденети од Сноуден.

Американецот, бивш компјутерски аналитичар и службеник во ЦИА кој обелодени тајни американски и британски владини програми за надзор врз медиумите и интернет, одлучи деновиве да побара политички азил во Русија, бидејќи му е оневозможено да замине од московскиот аеродром каде се наоѓа од 23 јуни и каде допатува од Хонгконг.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma