Четири златни правила кои ќе те направат најдобар кандидат на интервјуто!

popara14 јули, 20131min00
7

Знаеш ли кои прашања смееш да ги поставиш на работодавецот за време на интервјуто (или кои би требало да ги поставиш за да се разликуваш од останатите кандидати)?

Опис на работното место

Односно за тоа кои задачи точно се предвидени за позицијата за која сте се пријавиле. Важно е да имаш точна претстава за работното место и работните задачи кои ќе треба да ги извршуваш, за да знаеш дали си подготвен за сето она што те очекува.

За очекувањето

Прашањето за тоа што од тебе се очекува во наредните месеци е многу важно како за тебе (така ќе дознаеш на што посебно ќе се внимава и врз основа на што ќе бидеш оценуван), така и за работодавецот (со тоа му даваш до знаење дека си навистина заинтересиран за оваа работа и сакаш да се потрудиш).

Покажи интерес

Експертите советуваат дека е добро да покажете интерес за работата на работодавецот. Луѓето сакаат да зборуваат за себе, за своите искуства и успеси, а ти од тоа исто така можеш да извлечеш многу корисна информација.

Презентирај идеи

“Можам ли да претставам некои свои идеи кои верувам дека би ви биле од полза?“ Ова е можеби невообичаено за прв состанок, но може да биде одлично за крај на разговорот. Можеби токму ова ќе те издвои од останатите кандидати, бидејќи ќе покажеш дека претходно си размислувал за тоа како можеш да придонесеш за развој на фирмата каде планираш да работиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *