
Што е полошо од гаден машки шеф? Жена шеф!
Барем така тврдат истражувањата според кои дури 95% од жените изјавиле дека имале проблеми со шефицата. Таквите жени често страдаат од главоболка, депресија, стрес и слични тегоби, а се поради притисокот кој се појавува поради недостатокот на женска солидарност на работното место.
Проблемот е во тоа што жените се конкурентно расположени спрема другите жени, а не спрема мажите. Уште поголем проблем е ако во било кој момент и на било кој начин се почувствуваат загрозени, па со таквото однесување настојуваат да ги загрозат и туѓите амбиции, што е познато како елиминирање на конкуренцијата. Истражувањето покажало исто така дека жените шефици поголеми привилегии им доделуваат на колегите од машки пол, бидејќи им е поважно да се вклопат во таа група.
Економската ситуација не е поволна за откази, па затоа е важно да се најде начин како да се излезе на крај со таквите. Карење не доаѓа во предвид, а експертите советуваат дека љубезноста и пријателскиот однос се најпаметното решение, благодарение на кои таквата особа би можела да ја изгуби желбата за понатамошни напади или елиминација.
Нас не интересира дали и вие сте се соочиле со ваков проблем?
