
Нетанјаху изјави вчера дека нема да дозволи опасно оружје да стигне во рацете на либанскиот Хезболах.
Израелскиот премиер Нетанјаху предупреди вчера дека Иран е се поблиску до производство на атомска бомба и дека Израел ќе мора да делува пред САД да превземе чекори. Израелскиот премиер смета дека Техеран за неколку седмици ќе ја премине црвената линија.
“Нашите часовници чукаат со друг ритам. Ние сме поблиску отколку САД. Ние сме ранливи. И затоа ќе мораме да се ангажираме со ова прашање со цел да го спречиме Иран, пред тоа да го направи САД“, вели премиерот на Израел.
“Мојата политика е да спречам такво опасно оружје да дојде во рацете на Хезболах…во Либан но и во останатите тероростички организации. И ние ќе се држиме до таа политика“, додава Нетанјаху.