Интересни факти за човечкото тело

popara15 јули, 20131min00
6

Кога човекот ќе порасне и ќе се развие, неговото тело се состои од 50 трилиони клетки кои претставуваат основна животна единица. Сите тие работат заедно и ви овозможуваат во моментов да го читате овој текст.

Еве неколку интересни факти за човечкото тело:

–          Мозокот не чувствува болка, иако тој ги обработува сигналите за болка, самиот тој не ја чувствува.

–          Наместо да биде релативно цврст, човечкиот мозок се состои од 80% вода.

–          Мозокот е активен и кога спиете. Би помислиле дека вашиот мозок е активен само во текот на денот како и останитиот дел од телото, но не е така.

–          Адреналинот ви дава супер сила. Во одредени ситуации и слабичка жена би можела да подигне автомобил.

–          Бебињата имаат секогаш сини очи кога ќе се родат.

–          Во текот на еден просечен живот човек лачи плукна доволно за да се наполнат два базени.

–          Луѓето се повисоки наутро. Во текот на денот рскавицата помеѓу коските се компресира па затоа навечер сме пониски еден сантиметар отколку наутро.

–          Потребни се повеќе мускули да се намрштите од оние кои ги користиме за да се насмееме.

–          Јазикот е најсилниот мускул во вашето тело.

–          Доколку сте левичар статистиката не е на ваша страна бидејќи се вели дека нивниот животен век е за 9 години пократок од оние кои пишуваат со десната рака.

–          Очните мускули имаат околу 100 000 контракции во текот на денот. Ако сакате истиот број да го постигнете вежбајќи ги мускулите на нозете, ќе треба да пропешачите 80 км.

–          Човечкото тело за половина час произведува топлина која би била доволна за зовривање на 2 литри вода.