
Џастин Бибер повторно е исфрлен од ноќен клуб во Чикаго после полициската рација спроведена поради непочитување на правилото да не се точи алкохол на малолетни особи.
19 годишниот Џастин бил во клубот заедно со своите пријатели на слична возраст кога полицијата побарала сите лица под 21 година веднаш да го напуштат локалот.

