На Фејсбук имате поголема публика отколку што мислите!

popara15 јули, 20131min00
3

Вашите постови на Фејсбук ги гледаат три пати повеќе луѓе отколку што мислите, тврди новото истражување.

Експертите од универзитетот во Станфорд откриваат дека корисниците на Фејсбук драстично го потценуваат бројот на луѓе кои ја гледаат и читаат нивната содржина.

Постирањето на социјалните мрежи е како да се обраќате на аудиториум зад завеси. Публиката останува невидлива за корисникот и иако е позната листата на повиканите, конечниот број на посетители не е – изјавува професорот Мајкл Бернстин.

Фидбекот како што се коментарите и јаковите се само трошка од она што корисникот го добива од својата публика.

Иако Фејсбук има пристап до податоците за тоа колку луѓе ќе го прегледаат конкретниот пост, тие таа информација не ја споделуваат, не и со обичните корисници. Фејсбук сака тоа и во иднина да остане така бидејќи корисниците поинаку би реагирале кога би имале конкретна слика за тоа кој се има пристап до нивната приватна содржина.

Истражувањето во овој правец ќе продолжи бидејќи научниците се љубопитни за подлабока анализа на социјалните мрежи и реакцијата на луѓето во врска со тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma