
Семејството Ачимовиќ од Бањалука поминале 10 дена заклучени во својот стан со цел нивните комшии да мислат дека отишле на годишен одмор кој подолго време го планирале.
Нивната “превара“ ја забележал комшијата кога постариот син Милош Ачимовиќ, излегол да го фрли ѓубрето кое се насобрало и почнало да смрди.
Комшијата раскажал како го видел Милош касно ноќта како се прикрадува со црна ќеса за ѓубре.
Се зачудив бидејќи рекоа дека ќе одат во Грција на море и ме задолжија да внимавам на нивниот стан бидејќи нема да ги има 15 дена. Го почекав да се врати за да го прашам зошто се вратиле порано од одмор и тогаш дознав дека блефираат и дека никаде не биле, туку дека купиле се што им треба, ги замрачиле прозорите и се заклучиле во станот, вели комшијата Д. Г.
“Ни беше срам бидејќи секоја година одевме на одмор, барем до Хрватска или Црна Гора, а понекогаш и Грција. Меѓутоа годинава поради финансиската криза не можевме да си го дозволиме тоа, а комшиите ни се такви и ќе се подбиваа со нас цела година. Погледнете како комшиијата веднаш не посочи со прст и тоа пред цела јавност. Па затоа да даде Господ летово тој да одмара на клиничкиот центар“, нервзно раскажува домаќинот Недељко Ачимовиќ.
И покрај бламажата која сега ја трпи, тој вели дека добро се одморил во станот и дека одмор сега веќе и не му е потребен.