
Според последните гласини Кристен Стјуард е во романса со актерот Мајкл Пит. Актерката неодамна се раздели со долгогодишниот дечко Роберт Патинсон и изгледаше доста несреќна поради тој факт, но…
Се тврди дека Роб е иницијатор за крајот на врската бидејќи не успеал да и ја прости аферата со режисерот Руперт Сандерс.
“Кристен сеуште тагува по Роб, но Мајкл и помага да се соземе“, вели извор близок до ѕвездата.
“Таа се зарече дека ќе се посвети целосно на работата, за да не се чувствува осамена, но откако го сретна Мајкл, работите се сменија и таа навистина не е осамена.“