Кој е Џорџ Зимерман: Човекот што ја запали Америка?

popara17 јули, 20131min00
4

Американското министерство за правда деновиве разгледува дали има доволно докази делото на Џорџ Зимерман да биде  претставено пред сојузниот суд, откако деновиве во Флорида беше ослободен од обвинението за убиството на малолетниот и невооружан 17 годишен афроамериканец – Трајвон Мартин.

Искусните сојузни обвинители ќе утврдат дали доказите упатуваат на кршење на некој од законите за равноправност на граѓаните и дали повторното судење на повисока инстанца би било во склад со политиката на Министерството за правда, стои во изјавата на институцијата.

Американскиот претседател Барак Обама истакнал дека САД е правна држава и дека поротата донела одлука. Судот во Флорида во саботата го ослободи Зимерман од обвинението за убиството на Трајвон Мартин кој почина минатата година во градот Санфорд, Флорида.

Знам дека овој случај предизвика интензивни страсти. А откако судот го затвори случајот, знам дека сето тоа уште повеќе ќе ескалира. Но ние сме правна држава и поротата го кажа своето, вели во своето обраќање до јавноста претседателот Обама.

Додека во неделата беа организирани бројни манифестации против таа пресуда, Обама додаде дека бара од сите американци да го почитуваат повикот за мирно решавање на случајот упатен од страна на родителите кои го изгубија својот син.

Оценувајќи ја смртта на Трајвон како трагедија не само за неговото семејство, не само за заедницата туку и за цела Америка, Обама побара од американците сочувство и разбирање.

Зимерман (29) бил припадник на групата “граѓанска стража“ сочинета од локални жители кои спроведуваат редовни патроли низ населбата каде живеат со цел да спречат улично насилство и кражби. Во своја одбрана тој истакнал дека кобната вечер тој бил на должност, го сретнал младиот Мартин и го прашал што бара тука. Тој наводно не сакал да му одговори па Зимерман повикал полиција кои пак му рекле дека ќе испратат свое возило, а тој да се дистанцира. Но Зимерман тоа не го направил, туку продолжил да го следи момчето, после што дошло до физичка пресметка при што Зимерман, како што тврди, бил приморан да пука во Мартин за да се заштити.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma