Путин: Односите со САД ни се поважни од Сноуден!

popara17 јули, 20131min00
3

На прашањето дали “аферата Сноуден“ ќе фрли сенка врз американско – рускиот самит планиран за септември во Москва, Путин одговорил: “Моето мислење е дека билатералните односи со САД се далеку поважни од аферата околу активноста на тајните служби“.

Сноуден деновиве поднесе барање за привремен азил во Русија. Познатиот руски адвокат Анатолиј Кучерен, кој претходно се сретна со Сноуден, вели дека барањето е веќе поднесено и се чека одговор.

Путин во врска со тоа пак изјави дека Сноуден ќе ја напушти Русија што побрзо, обвинувајќи го Вашингтон дека САД практично ја блокирале Москва.

Од друга страна, американската администрација вчера соопшти дека Сноуден треба да биде депортиран и вратен во САД за да му се суди под обвинение за шпиунажа.

Тој е обвинет за дистрибуција на тајни информации, изјавил Џејмс Карни, потпаролот на Белата куќа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma