Извадете ги смртоносните пломби од забите и ќе се излечите од многу болести! Најпознатиот стоматолошки материјал наречен “метална пломба“ која и понатака се користи во стоматологијата е смртоносен и опасен бидејќи во својот состав содржи жива.
Станува збор за амалгамски полнеж кој во својот состав содржи околу 54% жива. Некои луѓе ваквите пломби ги носат и повеќе од една деценија. Сепак стоматолозите од Светската здравствена организација ги негираат обвиненијата на експертите кои предупредуваат на големата опасност од смртоносните пломби.
Д-р Хал Хагинс смета дека и најмала количина жива во човечкото тело е мошне опасна. Направил експеримент со јајце клетка која ако само за миг дојде во контакт со жива, ќе ја изгуби својата способност за врзување со ѕидот на матката, дури и кога оплодувањето било успешно.
Хагинс предупредува дека живата во нашиот организам ги испушта своите испарувања 24 часа на ден, па затоа и се смета дека е во состојба да предизвика бројни и тешки болести и постепено да го труе нашиот организам.
Металните пломби почнале да се користат уште во 1800 година во Франција. Нивното производство е поевтино и најчесто се применува кај пациенти кои стоматолошка нега добиваат преку социјаното осигурување.