
Од повеќето идеи кои ги имаа Анџелина и Бред за локацијата на својата венчавка, најновата и можеби последната е дека церемонијата ќе биде приватна, на брод, каде ќе бидат поканети околу 60 гости. Во медиумите се вели дека Анџелина избрала локацијата да биде низ хавајските води, а идеата за венчавка на брод на такво егзотично место била одлично прифатена од нивните деца.
Хаваи било омиленото место на мајката на Џоли, а освен тоа Анџелина решила да ја носи венчаницата на својата мајка од 1970 година. Она што било најважно за актерката при планирањето на церемонијата било настанот да биде дискретен, приватен и во најтесниот круг на семејството и пријателите.