НА ПИВОФЕСТ ЌЕ СЕ ЗАГРЕВАМЕ СО ДОБИВКИ И ЌЕ СЕ ЛАДИМЕ СО ПИВО

popara18 јули, 20131min00
8

По задоволството и огромниот интерес кај публиката кој го имавме изминатите две години, игрите на среќа на Државна лотарија на Македониај, годинава, веќе по трет пат, ќе  ги надополнат содржините на Пивофест 2013 во Прилеп. Како што и најавивме минатата година, ова полека прераснува во една убава традиција на дружење и забава на нашите играчи со целокупната понуда на игрите Игрите на среќа од Државна лотарија на Македонија.

Нашата понуда овој пат ќе ги надополни содржините на Пивофест 2013  во периодот од  18.07. 13 до 21.07.13.  Во текот на четирите фестивалски дена, покрај пивото, гурманските задоволства и забавните содржини,  Државна лотарија на Македонија на својот штанд на Пивофест 2013, со бројните помали  и поголеми парични добивки ќе внесе вистинска живост и радост, во комбинација  со бројните подароци за верните играчи – маици, капи и други брендирани материјали.

Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки, и ова лето, продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија. Од вечерва, се гледаме во Прилеп

За добро,

Државна Лотарија на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *