
Во летото дефинитивно фризурите со подигната и прибрана коса се подобриот избор. Тие се удобни, одлична варијанта за горештините и се разбира модерни се. Особено во комбинација со убав летен шал.
Нашиот нов предлог за летна фризура е токму во тој правец. Видеото кое го подготвивме ќе ви покаже како да го вплетете омилениот шал или марама во пунџа. Ефектот е многу женствен, а пуштените прамени пред лицето создаваат чувство за лежерност.