Епл, Гугл и останатите во шпиунска мрежа?

popara19 јули, 20131min00
18

Епл, Гугл и десетици други технолошки компании ги повикаа американските власти да им биде дозволено да споделат и да откријат повеќе детали во врска со безбедноста на своите корисници.

Компаниите сакаат да бидат во можност да известуваат преку редовни статистики податоци за природата и обемот на споделените информации.

Откровенијата на кодошот Едвард Сноуден околу шпионирањето ги стави технолошките фирми во ситуација да мора да ја докажуваат својата независност.

Компаниите испратиле писмо до Конгресот и претседателот Обама. Писмото било потпишано од страна на највлијателните компании во технолошкиот свет, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер, Гугл и Епл.

Но како што стојат работите во моментов, обелоденувањето на информација од страна на технолошките компании мора да биде ограничена во обем и во многу случаи фирмите треба да бараат дозвола од судовите за да ја направат информацијата достапна за јавноста.

Многу од корисниците на популарните услуги, особено социјалните мрежи, луто реагираа на веста дека компаниите редовно ги давале на располагање приватните информации за корисниците, секогаш кога тоа било побарано од страна на властите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma