Потребни намирници:
80 гр масло за јадење
50 гр млеко од кокос
200 гр млеко
5 јајца
0,5 кафена лажичка сол
10 гр прашок за пециво
150 гр шеќер
350 гр брашно
За филот:
80 гр стругатинки од кокос
150 гр шеќер во прав
70 гр путер
400 гр крем сирење Филаделфија
Начин на подготовка:
- Ги мешаме сувите компоненти во голем сад и мешаме добро. Правиме отвор во средината и го тргаме садот на страна.
- Во друг сад ги матиме јајцата со маслото и двата вида млеко. Ја исипуваме смесата во садот со сувите компоненти и мешаме 3-4 пати. Со добиената смеса полниме формички за мафини.
- Печеме во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
- За полнежот: Го матиме сирењето и путерот со миксер, го додаваме шеќерот во прав и мешаме додека се обрзува густ и цврст крем.
- Готовиот крем со шприц го нанесуваме врз мафините откако 10 минути ќе се оладат и поросуваме со стругатините од кокос.