82 годишниот Барни Еклестон е сопственик на Формула 1 со сметка која тежи 3,8 милијарди долари.
Еклестон бил женет три пати, има три деца од кои двете ќерки се миленички на таблоидите и огромна јахта.
Еклестон е син на рибар. Роден е во Сафолк, Англија во 1930 година.
Како ученик разнесувал весници. На 16 години го напушта училиштето и се вработува на бензиска пумпа. Започнал да продава авто делови и покасно отворил свој дуќан.
Еклестон има три брака зад себе. Најпознатата сопруга е манекенката Славица Еклестон со која живее 23 години. Таа е 23 години помлада од него и повисока 28 см. Се разведоа во 2009 година кога Барни требаше да и плати 1,5 милијарди долари. Тоа е еден од најскапите разводи во светот. Петра и Тамара се децата од тој брак.
Неговата најнова сопруга е Фабиана Флоси, 46 години помлада од него.