
На нас ни изгледа дека макси трендот никогаш не умира и продолжува да учествува во секоја летна сезона. И ајде да ги изјасниме фактите – макси здолништата се лесни за комбинирање, тие се супер женствени, удобни и практични. Ова лето макси здолништата го достигнаа својот моден пик бидејќи повеќето дизајнери понудија вакви модели во изобилство. Како што ќе видите во галеријата што следува има најразлични варијанти за тоа како можете да ги комбинирате макси здолништата:
















