
Адвокатот Анатолиј Кучерена тврди дека неговиот клиент, шпионот Едвард Сноуден планира да остане да живее и работи во Русија.
“Тешко ми е да кажам какви би биле неговите чекори во случај на позитивен одговор на молбата за азил. Неговата безбеднест е на прв план во оваа ситуација. Сметам дека процесот на адаптација ќе потрае некое време“, изјавил Кучерена.
“Планира да создаде живот во нашава земја и да најде работа“, вели Кучерена и додава дека се зависи од одговорот на Русија. Се надева дека Русија ќе му одобри азил бидејќи според него случајот на Сноуден заслужува внимание.
“Се плаши за своето здравје и својот живот. Се плаши дека ќе го депортираат во САД“, изјавил Кучерена.