
Во понеделникот Кејт Мидлтон на свет го донесе идниот престолонаследник на британската круна, здраво момче чие име сеуште е непознато за јавноста, но конечно сите имаме шанса да видиме како изгледа.
Принцот Вилијам кратко разговарал со новинарите и рекол: “Бебето е гласно, тоа е сигурно. Тој е големо момче и доста тешко. Сеуште размислуваме за име. За среќа ги наследил усните на неговата мајка“ и додава: “Сега сите можете да се смирите, а ние можеме да почнеме да се грижиме за него“.
“Ова е силно емоционално искуство за нас, навистина специјален момент“, изјавила Кејт Мидлтон.








