Наскоро Ким Кардашијан изјави дека смета да стави крај на нејзиното реално шоу се додека ужива висок рејтинг. Дамата му роди ќерка на својот сакан Каније Вест минатиот месец и сака да поминува повеќе време со малата Норт Вест. Но Кардашијан не пропушта шанса да го привлече вниманието на јавноста, па сега решила да направи видео и да го објави, и каде сака да се извини на својот бивш сопруг Крис Хемфрис.
После разводот кошаркарот ја обвини јавно дека го искористила за популарност. Хемфрис и овој пат се досетил за скриените намери на Ким и откажал да разговара со неа за видеото зошто не сакал повторно никогаш да се појави во нејзиното реално шоу и со тоа дополнително да и го подигне рејтингот.