
Шведскиот политичар Ларс Охли се најде во средината на големо медиумско внимание откако на Инстаграм решил да се пофали со својата нова тетоважа, но покажал многу повеќе отколку што планирал.
Сакајќи да ја покаже новата тетоважа направена во чест на неговиот омилен фудбалски клуб Ливерпул, не забележал дека притоа во кадарот го уловил и својот пенис. А откако фотографијата собрала 18 лајкови, 56 годишниот политичар ја тргнал. Секако, тогаш веќе било прекасно…
