
Ако некој побара да ја опишеме Валентино 2014 Ресорт колекцијата само со еден збор, тогаш тоа ќе биде – неверојатна. Новите модели се збогатени со пруги, цветни дезени, нешто од милитари стилот, неон моменти и женствени форми. Брилијантните дизајнери лансирале лесна за носење, елегантна колекција. Ги сакаме овие школски униформи, боемскиот вечерен изглед и кежуал парчињата, вклучувајќи ги панталоните и палтата инспирирани од милитари стилот.

























